Приватниот живот на Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам многу ретко е разоткриван со фотографии во медиумите, затоа што парот си стои на одлуката да ја зачува таинственоста и да живее што понормално.
Сепак, одвреме-навреме нивните прошетки со синот стигнуваат до нивните бројни фанови.
32-годишниот модел и 52-годишниот актер беа видени на прошетка и додека уживаа во сладолед со 2-годишниот син Џек.
Роузи и Џејсон се во врска веќе 10 години, а во јануари 2016 година беше потврдено дека се верија.