Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Семејна фотосесија: Мадона позираше со четири од шесте деца, зборуваше за мачниот процес за посвојување

Семејна фотосесија: Мадона позираше со четири од шесте деца, зборуваше за мачниот процес за посвојување

Мадона сними семејна фотосесија за People заедно со четири од своите шест деца.

За реномираното списание, 59-годишната пејачка со широка насмевка позираше покрај 11-годишниот Дејвид, 11-годишната Мерси и 5-годишните близначки Стела и Естер.

Сите четири деца таа ги има посвоено од Малави, Јужна Африка.

Мадона со децата

Во интервјуто, музичката ѕвезда зборуваше за семејниот живот и мачниот процес на посвојување. „Посвојувањето е комплицирано, но вреди“ – тврди Мадона.

Откако го посвоила Дејвид и го одвела во својот дом во Лондон, Мадона добила многу негативни коментари. „Сите весници велеа дека го имам киднапирано. Си мислев: Чекај малку, јас се обидувам да спасам нечиј живот. Тоа беше навистина многу лош период за мене. Заспивав плачејќи“ – објаснила Мадона и додала дека како бебе тој се борел со пневмонија и маларија.

Мадона со децата

Ни посвојувањето на Мерси не било лесно, бидејќи властите во Малави сметале дека таа нема да биде добра мајка за девојчето, само поради нејзиниот тогашен развод од Гај Ричи. „Ми рекоа дека не сум способна да гледам дете. Начинот на кој ме третираа, тоа сексистичко однесување беше смешно“ – рекла таа. „Сум имала доста мрачни моменти, но јас сум борец“ – додала популарната музичарка.

Посвојувањето на близначките Стела и Естер пејачката го потврди во февруари оваа година. Процесот траел околу 2 години.

Мадона со децата

Покрај четирите посвоени, Мадона има и две биолошки деца. 20-годишната Лурдес Марија Леон е плод на нејзината љубов со Карлос Леон, а со својот поранешен сопруг Гај Ричи има 17-годишен син, Роко Ричи.

Мадона Мадона

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.