Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селма Блер која страда од мултипла склероза го остави бастунот и танцуваше во „DWTS“

Селма Блер која страда од мултипла склероза го остави бастунот и танцуваше во „DWTS“

Селма Блер уште еднаш покажа дека е силна и дека нема да дозволи болеста да ја запре. 50-годишната актерка за првпат настапи на шоуто „Dancing With The Stars“ и остави многумина со насолзени очи.

Холивудската ѕвезда, која страда од мултипла склероза, го остави бастунот и танцуваше со партнерот Саша Фарбер. Нивната изведба ќе ви пробуди емоции:

„Се надевам дека со тоа што ќе настапам на ова шоу ќе им покажам на луѓето со инвалидитет дека радоста може да се најде онаму каде што најмалку очекуваме“ – изјавила Блер.

„Ова ми значи сè. Јас сум ранлива личност сега тука, со неколку разлики што ги имам или слабости. Навистина никогаш не мислев дека ќе можам да танцувам со двете нозе. Ми значи многу што можам да се потпрам на некого за рамнотежа. Ова е голем радост за мене и се надевам дека сите ќе видиме дека можеме да правиме нешта надвор од нашата комфорна зона. Можеби нема да изгледаме како сите други, но сепак, чувството е неверојатно“ – изјавила Селма.

Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер Селма Блер

Блер ја имаше поддршката од малото синче Артур.

Селма Блер

Селма откри дека има мултипла склероза во 2018 година. Таа одлучи да го сподели нејзиното патување со јавноста и оттогаш отворено зборува за симптомите на болеста.

Снимен е документарен филм за нејзината борба, насловен „Introducing, Selma Blair“.

Селма Блер Селма Блер Селма Блер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.