Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката Селма Блер откри дека страда од мултиплекс склероза, доби поддршка од бројни ѕвезди и фанови

Актерката Селма Блер откри дека страда од мултиплекс склероза, доби поддршка од бројни ѕвезди и фанови

Селма Блер се отвори за своите здравствени проблеми во емотивен пост. Славната актерка откри дека страда од мултиплекс склероза и доби силна поддршка од своите славни пријатели и обожавателите.

46-годишната актерка сподели дека долги години ги игнорирала симптомите за оваа неизлечлива болест, која официјално ѝ била дијагностицирана во август годинава.

„Имам мултиплекс склероза. Јас сум во егзацербација. Со милоста на Бог и разбирањето на продуцентите на Netflix, имам работа. Прекрасна работа. Јас сум личност со попреченост. Паѓам понекогаш. Испуштам работи. Меморијата ми е заматена и мојата лева страна бара насоки од мојот расипан GPS. Но, ние се справуваме. Се смеам и не знам што следно ќе направам точно, но ќе дадам сè од себе. Од мојата дијагноза во 10.30 часот на 16 август, јас имам љубов и поддршка од моите пријатели.“

„Јас сум во тешка состојба, но се надевам дека ќе им дадам некоја надеж на другите, па дури и себеси. Не можеш да добиеш помош, ако не ја побараш. На почетокот може да ти дојде како шок. Сакаш да спиеш, секогаш сакаш да спиеш. Па, јас немам одговори. Видете, сакам да спијам. Ми претстои живот кој сакам да ми биде исполнет. Сакам повторно да си играм со син ми. Сакам да пешачам по улица и да јавам коњ. Имам МС и во ред сум. Но, ако ме видите како испуштам премети од раце на улица, слободно помогнете ми да ги кренам. Мене би ми требал цел ден за да го направам тоа.“

„Имав симптоми со години, но никогаш не ги сфаќав сериозно. Веројатно ја имам оваа неизлечива болест најмалку 15 години. И сега ми е полесно бидејќи знам што ми се случува и можам да споделам“ – стои во објавата на Блер на Instagram.

Мултипла склероза (МС) е хронична болест која настанува кога имуниот систем абнормално ја напаѓа обвивката и поддршката околу нервните клетки (миелинска обвивка) во мозокот, `рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователно оштетување. Ова оштетување може да предизвика низа симптоми, вклучувајќи мускулна слабост, замор и проблеми со видот, а може со тек на време да води до инвалидитет.

МС почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите. Со својот пост, Селма се обидува да ги мотивира сите оние кои се наоѓаат во иста или слична состојба, да продолжат да водат нормален живот и по поставувањето на дијагнозата и да не се срамат да побараат помош.

Селма Блер Селма Блер

Нејзините славни пријатели ѝ ја изразија својата поддршка на социјалните мрежи.

Селма Блер Селма Блер Селма Блер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.