Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селма Блер сними фотосесија за Town & Country и зборуваше за првите симптоми на нејзината болест мултипла склероза

Селма Блер сними фотосесија за Town & Country и зборуваше за првите симптоми на нејзината болест мултипла склероза

Селма Блер не дозволува дијагнозата со мултипла склероза да ја спречи да се забавува, да експериментира со боите, да ја истакнува својата убавина и да снима фотосесии.

48-годишната актерка сними разиграна фотосесија за списанието Town & Country, а во интервјуто зборуваше за првиот симптом на нејзината болест, за појавувањето со бастун на постоскаровската забава на Vanity Fair и за прифаќањето на нејзиното тело.

Ѕвездата од „Cruel Intentions“, позираше во модели од врвни модни брендови како Prada, Ralph Lauren, Fendi, Prabal Gurung и Dior. Фотографиите беа направени од Алекси Љубомирски, а за нејзиниот стил се погрижи стилистката Елизабет Стјуарт.

Селма Блер

Во февруари 2018 година, Селма првпат сфатила дека нешто не е во ред со неа. Додека дефилирала на ревијата на Кристијан Сиријано на Њујоршката недела на модата, таа забележала дека го губи осетот во ногата. Тоа не било првпат да го почувствува овој симптом, па не помислила дека е нешто сериозно.

„Се случи на таа ревија, бев возбудена што дефилирам на тоа шоу, и одеднаш изгубив чувство во мојата лева нога. Но, бев на ревија и се прашував што да направам“ – рекла Блер.

Селма Блер Селма Блер

Блер ја сподели веста за дијагнозата со светот во октомври истата година, а неколку месеци подоцна го одушеви светот кога се појави на забавата на Vanity Fair во прекрасна креација од Ралф и Русо.

За појавувањето со бастун, таа рекла: „Беше неочекувано, но немав избор. Се немав појавено на црвениот тепих долго време. Знаев дека, поради мојата дијагноза, луѓето може да гледаат. Не знаев дали ќе бидам заборавена и ќе бидам последна на црвениот тепих“.

Но, таа дефинитивно не беше заборавена. Всушност, целиот свет пишуваше за неа и беше наградена со силен аплауз од присутните.

„Удобно ми е во моето тело, пред сè поради тоа што сега имам подлабока позитивна поврзаност со него. Фасцинирана сум од ова тело и од овој живот. Горда сум и задоволна што сум инспирација за луѓето“ – изјави Селма.

Селма Блер Селма Блер

За неа, нејзината многу добра пријателка Сара Мишел Гелар вели:

„Имаме едно од најчистите пријателства кои некогаш сум ги имала. Можеме да бидеме исплашени, да ги чувствуваме подемите и падовите. Помеѓу Ковид и нејзината дијагноза, беа срушени многу бариери кои ги имавме поставено. Пред пандемијата, ако таа имаше лош ден, ќе отидев кај неа и ќе се стуткав во креветот за да бидам со неа и ќе лежевме таму со часови, гледајќи ТВ. Не моравме да зборуваме, и за мене, вистинските пријателства се оние кога можеш да седиш во тишина и да знаеш дека другата личност е таму за да те сака и поддржи“.

Селма Блер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11339 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.