Селена Гомез не остана рамнодушна на коментарите за нејзината тежина по појавувањето на Златен глобус.
Популарната актерка и пејачка, додека комуницираше со фановите на Instagram Live, низ насмевка се осврна на фигурата и им возврати на дежурните критичари.
Во видеото, Гомез е во автомобил со сестричката Грејси и вели: „Малку сум големка сега затоа што уживав за време на празниците. Така?“. Откако 9-годишната Грејси потврдува, Селена додава: „Но, не ни е гајле за тоа“.
@popnewsdaily She was also streaming Taylor and miley in the car #selenagomez #bodyshaming #bodypositivity #mileycyrus #taylorswift ♬ original sound - PopNewsDaily
30-годишната ѕвезда со малата сестричка заедно присуствуваше на Златен глобус каде се појави во креација од Валентино.



Ова не е првпат Гомез да е гласна за одржувањето на позитивен став кон телото. Во август, таа сними видео од стомакот со кое потенцираше дека не го вовлекува за да изгледа послабо и порача: „Реалните стомаци се враќаат во мода“.
@selenagomez Vaca self
♬ original sound - unwinewithtashak
Минатата година, таа за „Вог“ сподели дека нејзината фигура видливо варира поради тоа што страда од лупус. „Тоа се должи на лековите кои ќе треба да ги земам до крајот на мојот живот. Тежината варира од месец за месец. Забележав дека луѓето почнаа да ме напаѓаат за бројот на килограмите. Но, всушност, тоа е мојата вистина, мојата тежина флуктуира во зависност од тоа што се случува во мојот живот“ – посочи тогаш таа.