Зендаја ја сними најсмелата фотосесија во нејзината досегашна кариера.
26-годишната актерка и пејачка заведува на фотографиите направени за септемвриското издание на списанието „Elle“.
Од црвена долна облека, до сексапилен фустан со разголен грб... холивудската миленичка изгледа моќно во креации од модни куќи како Ралф Лорен, Александар Меквин и Валентино.
Фотографиите ги потпишува Стивен Клејн.












Најнов проект на Зендаја е филмот „Challengers“, чија премиера е закажана за следната година.