Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Секој момент со тебе е благослов“: Алекс со романтично видео ѝ честиташе годишнина на Џенифер Лопез

„Секој момент со тебе е благослов“: Алекс со романтично видео ѝ честиташе годишнина на Џенифер Лопез

Помина една година откако Алекс Родригез ја запроси Џенифер Лопез на плажа на Бахамите.

За да ѝ ја честита годишнината на својата сакана, 44-годишниот поранешен бејзбол играч создаде романтично видео од моменти поминати заедно. Во описот, тој напиша:

„Пред една година на плажа на Бахамите... Бев екстремно нервозен, понервозен од кога било во мојата кариера, клекнав на едно колено и ти поставив прашање... Ти рече да.“

„Џенифер, секој момент со тебе е благослов. Ти ми си најдобар пријател, моја инспирација, неверојатна мајка и пример за сите нив. Мача, многу сум среќен што сум со тебе. Ти благодарам што ми го направи животот подобар. Со нетрпение чекам да создадам уште спомени со тебе. Те сакам. Среќна годишнина“.

Алекс и Џеј Ло започнаа да се состануваат во февруари 2017 година, а се свршија во март минатата година.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез се верија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.