ФИФА му оддаде признание на Кристијано Роналдо, кој стана најдобар стрелец во историјата на меѓународно ниво.
36-годишниот фудбалер прими специјална награда покрај бремената девојка Џорџина Родригез и најголемиот син Кристијано Џуниор. Церемонијата, на која беа наградени најдобрите во светот на фудбалот, се одржа во Цирих.
„Секогаш со мене. Благословен“ – напиша на Instagram Кристијано на фотографија на која позира со Џорџина и синот.








Португалецот патуваше со приватен лет, а Џорџина сподели фотографии од патувањето.


