Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сега сум малку посилна“: Анџелина Џоли зборуваше за тешкиот период по разводот од Бред Пит

„Сега сум малку посилна“: Анџелина Џоли зборуваше за тешкиот период по разводот од Бред Пит

Измина точно една година откако Анџелина Џоли поднесе документи за развод од Бред Пит по две години брачен живот. Холивудскиот пар беше во врска повеќе од една деценија.

42-годишната актерка и режисерка сними фотосесија за People и во интервјуто зборуваше за тешката година по разводот и за нејзините шест деца.

Анџелина Џоли

За реномираното списание, шармантната ѕвезда признала дека сега се чувствува посилна. „Имав мои подеми и падови. Претпоставувам дека сега сум малку посилна. Сите ние сме имале тешки периоди, но како мајка, секогаш си одговорна првенствено и најмногу за децата. Тие се сега во години кога се оформуваат и сè друго е помалку важно од тоа“ – изјавила Џоли.

Анџелина Џоли

Харизматичната актерка моментално активно го промовира филмот „First They Killed my Father“, за кој влезе во улога на режисерка. Таа најави и дека набрзо ќе започне да работи на вториот дел од „Maleficent“, но дека децата секогаш ќе ѝ бидат приоритет.

„Сè ќе се врти околу децата сега. Не работев речиси една година, бидејќи им бев потребна ним дома. Сè беше запрено. Седам и разговарам со нив, бидејќи сè влијае на нив. Секоја локација, секој проект, ќе треба да се прилагодам кон онолку колку што тие можат да прифатат“ – објаснила таа.

16-годишниот Медокс, 13-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишните близнаци Вивиен и Нокс ја поддржаа мајка си на премиерата на нејзиниот најнов филм во Торонто.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.