Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сега е заедно со татко му“: На 25-годишна возраст почина Ангус Клауд, ѕвездата од серијата „Еуфорија“

„Сега е заедно со татко му“: На 25-годишна возраст почина Ангус Клауд, ѕвездата од серијата „Еуфорија“

Почина актерот Ангус Клауд.

Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ издиша за последен пат на 25-годишна возраст во семејниот дом во Калифорнија една недела по погребот на неговиот татко. Тој се прослави со улогата на дилерот Феско во ТВ серијата на HBO.

Ангус Клауд Ангус Клауд

„Со најтешко срце, денес мораме да му кажеме збогум на неверојатен човек. Како артист, пријател, брат и син, Ангус беше специјален за сите нас на многу начини“ – пишува во соопштението од семејството, каде стои дека тој не можел да се помири со загубата на татко му.

„Единствената утеха која ја имаме е знаењето дека Ангус сега се обедини со татко му, кој беше негов најдобар пријател. Ангус отворено зборуваше за неговата битка со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека не се сами и дека не треба да се борат со тоа сами во тишина“.

„Се надеваме дека светот ќе го памети по неговата смисла за хумор, по смеата и љубовта кон сите. Ве замолуваме за приватност додека се справуваме со оваа ужасна загуба“ – стои во соопштението.

Ангус Клауд Ангус Клауд Ангус Клауд Ангус Клауд

Ангус беше дел од екипата на „Еуфорија“ од 2019 до 2022 година и беше дел од 16 епизоди.

Ангус Клауд Ангус Клауд Ангус Клауд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25579 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.