Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Се чувствував многу омразено“: Били Ајлиш со насолзени очи ја прими наградата за Најдобра интернационална изведувачка на Brit Awards

„Се чувствував многу омразено“: Били Ајлиш со насолзени очи ја прими наградата за Најдобра интернационална изведувачка на Brit Awards

Били Ајлиш не остана рамнодушна на овациите и аплаузите кои ги доби за време на одличниот настап на Brit Awards со новата песна „No Time To Die“.

Откако на сцената ја прими наградата за Најдобра интернационална изведувачка, 18-годишната музичарка одржа говор во кој не можеше да ги скрие солзите. „Во последно време се чувствував многу омразено. Но, кога бев на сцената и ве видов вас како ми се смеете, искрено посакав да се расплачам и сакам да плачам сега, ви благодарам“ – рече таа со растреперен глас.

Видео

Били Ајлиш Били Ајлиш Били Ајлиш Били Ајлиш

Неодамна, Ајлиш отворено призна дека често добива негативни коментари на социјалните мрежи и дека веќе престанала да ги чита.

„Престанав да ги читам пред два дена. Престанав да ги читам сите коментари. Ми го уништуваа животот. Чудно е. Колку покул работи правиш, толку повеќе луѓе те мразат. Интернетот е збир од тролови. Лудо е што воопшто сум читала коментари. Требаше да престанам многу одамна, но проблемот е што секогаш сакав да бидам во контакт со моите фанови и луѓето го уништија тоа и за мене и за нив. Тоа е ужасно.“

„Сè уште се обидувам да ги лајкувам постовите на моите фанови. Ако видам некаде мој фан, сакам да разговарам со него. Тие се луѓе, тие се јас. Тие ми се како пријатели, но интернетот ми го уништува животот, па го исклучив“ – рече успешната девојка во интервју за BBC.

Настапот со „No Time To Die“

Били Ајлиш Били Ајлиш Били Ајлиш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10613 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.