Малото русокосо момче кое нè освои со улогите во „Малиот Стјуарт“ и „Џери Мегвајер“ повеќе не е мало.
Џонатан Липницки денес има 32 години и изгледа сосема поразлично од она што го паметиме. Актерот, кој глумеше покрај Том Круз и Рене Зелвегер во „Џери Мегвајер“, сега е вистински шармер.






Џонатан тренира боречки вештини, а неговите најнови филмски улоги се во „Camp Pleasant Lake“ и „The Re-Education of Molly Singer“, кои ги снима во моментов.
Липницки кај нас беше популарен по улогата на Џорџ Литл, поголемиот брат на глувчето Стјуарт.






