Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Се самоуби влијателниот готвач Ентони Бордејн на 61-годишна возраст

Се самоуби влијателниот готвач Ентони Бордејн на 61-годишна возраст

Светот го изгуби Ентони Бордејн, готвачот кој обожаваше да го истражува светот и секогаш ги пронаоѓаше најневеројатните места за гурманска храна и добар пијалaк.

Имаше 61 година.

Ентони Бордејн

Тажната вест ја потврди CNN со соопштението: „Со огромна тага можеме да ја потврдиме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговата љубов за големи авантури, нови пријатели, добра храна и пијалок и неговите неверојатни стории за светот го претворија во уникатен раскажувач. Неговиот талент не престана да нè восхитува и нам многу ќе ни недостига. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во овие многу тешки моменти.“

Ентони Бордејн

Безживотното тело на Бордејн беше пронајдено во хотелска соба од негов пријател. Причината за смртта е самоубиство со бесење. Во последните денови од животот тој престојуваше во Франција за снимањето на серијата „Parts Unknown“.

Емисиите на Бордејн секогаш беа зачинети со хумор и животни мудрости, а тој со невоздржана страст го покажуваше својот хедонизам.

Ентони Бордејн Ентони Бордејн Ентони Бордејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27123 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.