Сакис Рувас и Катја Зигули запливаа во брачните води. 45-годишниот пејач, кој сигурно ќе го паметите по неговиот настап со песната „Shake It“ со која во 2004 ја претставуваше Грција на Евровизија, и 39-годишната манекенка се заколнаа на вечна љубов на церемонија во Грција.
Пред да го изговорат судбоносното „ДА“, грчката музичка ѕвезда и убавиот модел беа во врска 14 години и заедно имаат 4 деца: 8-годишната ќерка Анастасија, 5-годишниот син Александрос, 4-годишната ќерка Ариадни и 1-годишниот син Аполон.
Нивните две ќерки и два сина беа присутни на свадбата и изгледаа преслатко во бело.



Невестата блесна во префинета венчаница од високата мода на дизајнерката Celia Kritharioti, додека младоженецот носеше костум од модниот дизајнер George Papadogamvros.




















Романтичната свеченост се одржа на роденденот на среќната невеста.
Сакис ја претставуваше Грција на Евровизија и во 2004 и во 2009 година.