Жозефин Скривер и Александар ДеЛион си ветија дека ќе бидат заедно до крајот на животот на свадбена церемонија во Мексико.
Убавиот ангел на Victoria’s Secret и американскиот пејач го изговорија судбоносното „ДА“ пред најблиските роднини и пријатели, а идиличните фотографии од венчавката беа објавени од „Вог“.
Главната церемонија се одржала на зајдисонце, под палмите во Кабо Сан Лукас.



„Не можеме да бидеме посреќни што ќе го поминеме остатокот од нашите животи заедно. Ова е само почетокот, но ќе ја паметиме оваа ноќ и овој викенд до крајот на нашите животи“ – изјавил атрактивниот модел.
Невестата бликаше од радост во романтичен фустан од Алберта Ферета. Скривер ја избрала Феретi, затоа што токму таа била дизајнерката на чии модни ревии дефилирала на почетокот на кариерата.



















Парот е во врска од 2013 година. Александар ја побара Жозефин за жена под магичната светлина Аурора Бореалис на замрзнато езеро во Финска во ноември 2018 година.
