Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најромантичното запросување: Ангелот Жозефин Скривер се вери под магичната светлина Аурора Бореалис

Најромантичното запросување: Ангелот Жозефин Скривер се вери под магичната светлина Аурора Бореалис

Жозефин Скривер не може да ја сокрие радоста што му рече „ДА“ на својот сакан Александер ДеЛион. Убавиот ангел на Victoria’s Secret се вери на романтичка ноќ во Финска.

Пејачот, познат како Bohnes, ја запроси атрактивната манекенка под магичната светлина Аурора Бореалис.

Овој феномен е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.

Пресреќната Скривер сподели фотографии од прстенот и моментот на запросувањето, заедно со љубовен пост.

Жозефин Скривер свршувачка Жозефин Скривер свршувачка Жозефин Скривер свршувачка

РЕКОВ ДА! Верена сум! Беше студена ноемвриска ноќ. Алекс нè однесе до Финска за да ги гледаме поларните светлини. Тоа ми беше втора цел на листата со нешта кои сакам да ги направам и ја остварив во истата недела кога пливав со орки, моите омилени животни, во нивното природно живеалиште!

Но, не знаев дека наскоро ќе ми се оствари и трета цел од листата. Тој имаше запалено оган за мене на средината од замрзнатото езеро во Скандинавија, надополнето со полна месечина која сјаеше над нас и топло какао за да нè згрее! Како... дали е тој луд?!?

За првпат во нашите животи ние ги видовме поларните светлини кои одлучија да го покажат својот танц на ѕвезденото небо!!! Беше полна месечина. Беше на 23-ти (23 ми е среќен број)... и истиот ден кога излезе неговата песна „Аурора Бореалис“, која е првата песна која тој ја напиша за мене. Понекогаш универзумот едноставно избира да те остави без зборови. Тогаш тој погледна во мене. Кога клекна на едно колено и ме праша дали сакам да бидам негова засекогаш... никогаш не сум била посигурна за ништо во животот. Ти си мојата најголема авантура. Мојата бајка се оствари. Мојата сродна душа. Мојот најдобар пријател. Љубовта на мојот живот. Па се разбира дека беше 1 милион пати ДА! Некогаш во животот пронаоѓаш личност која прави сè да има смисла. Личност која те турка да бидеш уште подобра верзија од себеси. Личност која прави не само да сонувате за нешто, туку и да верувате во тоа. Да верувате во вашите способности да остварите нешто.

Љубовта не е за компромитирање себеси. Љубовта е пронаоѓање на личност која само ја зголемува вашата радост и блесок. Тимски играчи за цел живот! Со тебе едноставно знаев. Ти си сето тоа и повеќе. Ти влезе во мојот живот и никогаш не погледна назад. Те сакам. Ти си моите поларни светлини и мојата Аурора Бореалис.

Жозефин Скривер свршувачка Жозефин Скривер свршувачка Жозефин Скривер свршувачка Жозефин Скривер свршувачка

Жозефин и Александер се во врска од 2013 година.

Жозефин Скривер свршувачка Жозефин Скривер свршувачка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.