Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сајмон Кауел ќе има дете со сопругата на близок пријател

Сајмон Кауел ќе има дете со сопругата на близок пријател

Сајмон Кауел, познатиот судија од „American Idol“ и „The X Factor“, ќе стане татко. 53-годишниот бизнисмен ќе има дете со Лорен Силвермен. 36-годишната бринета технички сè уште е во брак со Ендрју Силвермен, кој е близок пријател на Сајмон.

Лорен и СајмонЛорен и Сајмон

Лорен и Ендрју подолго време имале проблеми во бракот и откако ја прекинале врската, нејзиното пријателство со Сајмон се претворило во романса.

Според информациите до кои дојде Us Weekly, Лорен планира да го напушти Ендрју за да биде со Сајмон.

Во текот на изминативе години, Сајмон, Лорен и Ендрју многупати биле заедно на луксузни патувања со јахта.

Лорен и Сајмон Сајмон со поранешната свршеница и Лорен со Ендрју на јахта во јануари 2013Сајмон со поранешната свршеница и Лорен со Ендрју на јахта во јануари 2013 Лорен, Ендрју и СајмонЛорен, Ендрју и Сајмон

Пред четири години Сајмон остро беше против идејата да има деца. „Боже, не. Не би можел да имам деца. Ако ги имам тука да цртаат по ѕидовите, ќе полудам. Мораш да бидеш буден во одредено време. Мораш да слушаш, кога сè што сакаш е да седиш во аголот и да размислуваш“ – изјавил тој во 2009 година.

Сепак, во април минатата година тој го омекна ставот за потомство. „Навистина сакам деца, затоа што можеш да разговараш со нив и да ги слушаш. Проблемот отсекогаш бил што треба да им посветиш многу време за да ги израснеш, а јас секогаш ѝ го посветував целото време на работата. И на 52 години, најверојатно јас си ја пропуштив можноста“ – рекол тој.

Идните родители сè уште ја немаат потврдено веста за бременоста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.