Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сајмон Кауел со саканата и нивниот син на примањето на ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Сајмон Кауел со саканата и нивниот син на примањето на ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Сајмон Кауел е заслужен за откривањето и издигнувањето на многу музички ѕвезди и бил во центарот на повеќе популарни шоуа, а сега и самиот тој доби ѕвезда на холивудската Патека на славните.

58-годишниот строг „судија“ и продуцент ја прими својата ѕвезда за време на церемонија на која присуствуваа неговата сакана Лорен Силвермен, нивниот син Ерик и нејзиниот син од претходен брак.

Сајмон Кауел Сајмон Кауел Сајмон Кауел Сајмон Кауел

„Лорен, ти беше моја потпора во изминативе години. Единственото нешто на кое мислев денес е кој би бил најсреќен од ова, а тоа се моите мајка и татко, кои не се меѓу нас. Чувствувам дека гледаат надолу кон нас. А сега јас гледам кон мојот син Ерик и си велам дека можеби еден ден тој ќе добие една од овие ѕвезди. Изминативе 18 години беа фантастични. Ако некој вели дека славата е лошо нешто, не знам што зборува, затоа што тоа е најдоброто нешто на светот“ – рече тој во својот говор.

Сајмон Кауел Сајмон Кауел

Сајмон беше во жирито на многу риалити шоуа меѓу кои и „Pop Idol“, „The X Factor“, „Britain's Got Talent“, „American Idol“, „The X Factor“ и „America's Got Talent“. Тој стои зад издигнувањето на музички ѕвезди како Кели Кларксон, Леона Луис и One Direction.

Сајмон Кауел Сајмон Кауел Сајмон Кауел Сајмон Кауел Сајмон Кауел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.