Сашко Коцев со сопругата Смиљана присуствуваа на свеченото отворање на 12-тата ликовна колонија „Вевчански видувања“.
На настанот во Вевчани, македонскиот пар шармираше во елегантно издание. Смиљана носеше црн фустан и елегантна зелена марама, додека славниот актер се појави во класично црно одело со машна.



Сашко ја запроси Смиљана на „Златна бубамара на популарноста“ во 2012 година, а неколку месеци подоцна стапија во брак. Тие имаат едно дете – ќеркичката Јоана.