Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сара Климоска прогласена за најдобра актерка во Сомбор за улогата во „Кајмак“

Сара Климоска прогласена за најдобра актерка во Сомбор за улогата во „Кајмак“

Сара Климоска освои сосем заслужена награда на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија. Таа беше прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма за улогата на Доста во филмот „Кајмак“, режиран од Милчо Манчевски.

28-годишната актерка во црн фустан си го подигна значајното признание.

Сара Климоска

„Сара е глумец од светски калибар, талент што се раѓа еднаш во генерација“ – изјави Манчевски за Климоска.

Сара има глумено во повеќе македонски филмови и телевизиски серии, меѓу кои „Врба“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“ и „Сенки над Балканот“.

Сара Климоска Сара Климоска

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Иан Прајор.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис... Понатамошниот процес на пласман е во тек.

Наскоро, следи и американската премиера на „Кајмак“ на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август.

Сара Климоска Сара Климоска Сара Климоска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25597 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.