Роузи Хантингтон-Вајтли одбројува денови до раѓањето на нејзиното второ дете.
34-годишната вереница на Џејсон Стејтам ги изненади фановите со албум фотографии на кои го покажува големото трудничко стомаче. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret позира пред огледало во светлокафеав припиен фустан.





Голем дел од нејзините колешки ѝ испратија пораки со комплименти.
Роузи и Џејсон започнаа да се состануваат во 2010 година, а објавија дека се верија во јануари 2016 година. Нивниот син Џек се роди во јуни 2017 година.

