Никол Шерцингер не остана рамнодушна на предлогот за брак на Том Еванс.
44-годишната пејачка му кажа „Да“ на 38-годишниот рагбист и сподели фотографии од среќниот момент.
„Реков да“ – напиша таа.
Том клекна на колено за да ја запроси својата сакана за време на патување во нејзиниот роден крај на Хаваи. Никол изгледаше шармантно во бело-син фустан и шешир.


Претходно, атрактивната музичарка сподели фотографии на кои позира во бикини на плажа.




Том и Никол се запознаа во 2019 година, кога таа беше дел од жирито на X Factor.
