Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана во провокативна креација со Ејсап Роки на Барбадос по гласините за негово наводно неверство

Ријана во провокативна креација со Ејсап Роки на Барбадос по гласините за негово наводно неверство

Додека се ширеа гласини дека Ејсап Роки ја изневерил Ријана, парот се оддалечи од рефлекторите на шоу-бизнисот и замина на Барбадос.

Идните родители беа фотографирани за време на вечерно излегување, а стајлингот на музичката ѕвезда повторно го освои вниманието на нејзините фанови.

Во свој стил, Ријана носеше провокативен краток фустан од Дандас, кој максимално ги истакна нејзините труднички облини.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Очигледно 34-годишната пејачка и 33-годишниот рапер сакаат да го поминат периодот пред раѓањето на нивното прво дете подалеку од драмата која се разви откако се распространија неосновани шпекулации дека тој ја изневерил со Амина Муади.

Амина, која е дизајнерка на обувки и соработува и со двете ѕвезди, ги негираше гласините за афера. „Отсекогаш верував дека ширењето на неосновани лаги на социјалните мрежи не заслужува каков било одговор или разјаснување, особено кога е толку злобно. На почетокот претпоставив дека ова лажно озборување, создадено со злобни намери, нема да биде сфатено сериозно. Но, во изминатите 24 часа бев потсетена дека живееме во општество кое пребрзо зборува на теми без оглед на фактите и дека ништо не е надвор од границите“ – стои во нејзината изјава за јавноста.

Ријана

Ријана и Ејсап Роки наскоро ќе го добијат првото дете, за кое се шпекулира дека е женско, откако таа беше затекната како купува бебешки фустанчиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.