Ријана со драматичен стајлинг привлекуваше внимание на Златен глобус. На синоќешната манифестација, таа се појави заедно со саканиот Ејсап Роки.
34-годишната пејачка зачекори на свеченоста во впечатлива креација од високата мода на Schiaparelli, која ја надополни со дијамантски накиот од Cartier и невообичаена фризура.
Ријана беше номинирана во категоријата Најдобра оригинална песна за „Lift Me Up“ од саундтракот за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“, но за жал не ја освои статуетката.
















