Ана Ивановиќ максимално ужива во летото по разводот од Бастијан Швајнштајгер.
37-годишната поранешна српска тенисерка сподели фотографии од местото Деија на Мајорка. Ивановиќ ги разголи тонираните нозе, позирајќи во кафеав фустан со гол грб.






И претходно Ана имаше објавено фотографии од одмор на плажа.





Српскиот Курир ексклузивно дозна дека Ана и Бастијан официјално се разведени и дека во тајност ги потпишале документите за развод. Старателството над нивните три синчиња е заедничко, а Ивановиќ ќе ја добие куќата каде што сега живее со своите деца.
Ана и Бастијан започнаа да се состануваат во 2015 година, а една година подоцна стапија во брак во Венеција.

По разделбата, тој започна врска со Бугарката Силва Капитанов.
