Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рита Ора го покажа свадбениот прстен неколку дена откако потврди дека се омажи за Таика Ваитити

Рита Ора го покажа свадбениот прстен неколку дена откако потврди дека се омажи за Таика Ваитити

Рита Ора неодамна откри дека заплива во брачните води. 32-годишната пејачка потврди дека се омажи за режисерот Таика Ваитити, а сега за првпат го покажа свадбениот прстен.

За време на гостувањето во шоуто на Џими Фелон, музичката ѕвезда откри дека самата му помогнала на Таика во изборот на прстенот.

„Всушност досега никому го немам покажано прстенот, ова е првпат да го покажам прстенот и бидејќи те сакам и чувствувам како да си дел од нашата врска... Еве погледни го“ – му рече шеговито Рита на Џими.

Рита Ора

„Знаев дека навистина сакам да бидам со оваа личност, па можеби го одведов во продавницата и му посочив кој прстен го сакам“ – со насмевка изјави Ора.

Рита Ора

Рита изгледаше одлично во дводелна креација од Дејвид Кома.

Рита Ора Рита Ора Рита Ора

„Беше совршено. Беше точно како што посакував“ – изјави Рита за свадбата.

Рита Ора

Рита и Таика се заедно од април 2021 година.

Рита Ора

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26595 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.