Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рики Мартин со фотографија сподели дека со сопругот го добија четвртото дете

Рики Мартин со фотографија сподели дека со сопругот го добија четвртото дете

Семејството на Рики Мартин се прошири со уште еден мал член. 47-годишниот пејач објави дека со сопругот Џуан Јосеф го добија четвртото дете.

„Се роди нашиот син Рен Мартин-Јосеф“ - пишува во описот на фотографијата на која Рики го држи малото бебенце.

Рики Мартин и Џуан Јосеф

Популарниот музичар стана татко на близнаци со помош на сурогат-мајка во 2008 година. Матео и Валентино ја добија сестричката Лусија на крајот на минатата година.

Рики Мартин и Џуан Јосеф Рики Мартин и Џуан Јосеф

Рики и Џуан открија дека се верија во ноември 2016 година, а тајно стапија во брак минатата година.

Рики Мартин и Џуан Јосеф

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.