Рики Мартин и Џуан Јосеф се разведуваат. Славниот пејач и неговиот сопруг преку соопштение објавија дека ставаат крај на брачниот живот.
„Одлучивме да го завршиме нашиот брак со љубов, почит и достоинство за нашите деца и да го почитуваме она што го искусивме како пар во сите овие прекрасни години.“
„Наша најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска фокусирана на мир и пријателство, за да продолжиме заеднички да се грижиме за нашите деца, зачувувајќи ги почитта и љубовта кои ги имаме еден кон друг“ – стои во нивната порака.

Рики и Џуан се верија во ноември 2016 година, а на почетокот од 2018 година открија дека тајно стапија во брак. Тие се родители на 4-годишната ќерка Луcија и
51-годишната музичка ѕвезда ги има и близнаците Матео и Валентино, кои се родија во 2008 година.





