Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ракот се врати“: Шенон Доерти низ солзи сподели дека има рак во IV стадиум

„Ракот се врати“: Шенон Доерти низ солзи сподели дека има рак во IV стадиум

Шенон Доерти со многу лоша вест ги растажи своите фанови. Ѕвездата од култната серија „Беверли Хилс, 90210“ сподели дека се соочува со агресивен рак.

За првпат Шенон дозна дека има рак на дојка во 2015 година, а по тешка битка, соопшти дека ја победи смртоносната болест. Но сега, популарната актерка објави дека ракот се врати и е во IV стадиум.

Шенон Доерти

„Ракот се врати... Дефинитивно имам денови кога се прашувам зошто јас. И потоа си велам: ‘Зошто да не сум јас? Кој друг? Кој друг покрај мене го заслужува ова? Никој од нас’ Но, би рекла дека првата реакција е секогаш загриженоста како ќе им кажам на мајка ми и на сопругот“ – вели таа.

„Преплашена сум, многу сум исплашена“ – изјави таа и потенцираше дека најмногу се грижи за мајка ѝ и сопругот Курт Исвариенко. „Мајка ми е неверојатно силно и храбро човечко суштество. Таков е и мојот сопруг, но сум загрижена за него“ – признава таа.

Шенон дознала за враќањето на болеста неколку месеци пред смртта на Лук Пери. На почетокот, ја зачувала лошата вест само за себе и се врати на снимањето на продолжението на „90210“ за да може на одреден начин да му оддаде почит на својот сакан пријател.

„Многу е чудно за мене да добијам таква дијагноза, а потоа некој, кој е навидум здрав, да замине прв. Беше шокантно. Најмалку што можев да направам е да се вклучам во шоуто“ – раскажува таа и признава дека Брајан Остин Грин и помагал да го издржи напорното снимање.

Шенон призна дека ја обелоденила влошената здравствена состојба затоа што е во судски процес со осигурителна компанија и дека во секој случај јавноста ќе дознаела за случајот.

„Сакам да бидам запаметена по нешто што е поголемо од она што сум јас“ – категорично вели холивудската миленичка која истакнува дека ќе се бори со големите корпорации кои газат по обичниот народ.

Шенон Доерти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.