Иако повеќе не се заедно, Ирина Шајк и Бредли Купер честопати се среќаваат за да поминат време со малата ќерка Леа.
37-годишната манекенка и 48-годишниот актер беа фотографирани додека силно се прегрнуваа во Њујорк. Покрај нив беше нивната 6-годишна ќерка која туркаше дрвена количка.













Ирина и Бредли за првпат поттикнаа гласини дека се заедно во 2015 година, но врската ја официјализираа на балот МЕТ во 2016 година. Истата година, Ирина потврди дека е бремена.
Леа се роди на 21 март 2017 година.
Парот раскина во 2019 година, но и покрај тоа, негува одличен пријателски однос. Ирина пред две години објави фотографија од нивен заеднички одмор.



