Енрике Иглесијас и Ана Курникова ретко споделуваат моменти од приватниот живот на социјалните мрежи, па кога ќе го направат тоа, веднаш наидуваат на стотици илјади позитивни реакции.
38-годишната поранешна тенисерка објави видео од 2-годишните близначиња кои ги има со 44-годишниот пејач. Малите Луси и Николас се прикажани како трчаат на тревник по дрон.

Близнаците се родија во 2017 година, а славните родители целата бременост ја чуваа во тајност.


Енрике и Ана се заедно 18 години.

