Каролина Гочева со огромна радост им соопшти на обожавателите дека ќе има свој концерт на МРТ1 за Нова година. Македонската пејачка ќе одржи 90-минутно шоу заедно со неколку свои колеги.
Гочева го најави шоуто со објава на фотографии од снимањето на истото.


Еве што пишува во описот:
Драги мои,
Многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1!
На 31ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели Елена Ристеска, Лара Ивановска, Влатко Лозаностки, Бранислав Николов (Пијан Славеј) и ѕвездите од Тин камп.
Се гледаме на 31ви декември на МРТ1!
Ваша,
Каролина






