Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првите фотографии од уникатниот невестински фустан на Анџелина Џоли

Првите фотографии од уникатниот невестински фустан на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли и Бред Пит официјално станаа сопруг и сопруга. Интимната церемонија се одржа на 23 август во замокот Миравал, семејниот имот на славниот пар во Франција.

Првите фотографии и детали од венчавката беа објавени од списанијата „People“ и „Hello!“.

За свечениот ден Џоли избра креација од модната куќа Версаче. Нежниот фустан е уникатен и неповторлив, бидејќи ја одразува креативноста на децата на Џоли и Пит. Врз него, исто како и врз велот, биле сошиени десетици цртежи од рацете на Медокс, Пакс, Захара, Вивиен, Шајло и Нокс.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Луиџи Маси од Версаче бил задолжен за забавната венчаница. „Луиџи е како дел од семејството за мене и не можев да си замислам некој друг да го прави фустанот. Тој ги познава и се грижи за децата“ – изјавила среќната невеста.

Џоли зачекорила кон олтарот заедно со двете највозрасни деца – Медокс и Пакс. Захара и Вивиен фрлале цветови собрани од градината, додека Шајло и Нокс ги носеле бурмите. Свадбената торта била дело на Пакс.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Пит носел свој костум кој не го купил специјално за венчавката, а вратоврската ја позајмил од своите деца, затоа што заборавил да си спакува своја.

„Беше многу важно за нас тој ден да биде релаксиран и исполнет со смеа“ – изјавиле младенците.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.