Хајди Клум и Том Каулиц со италијанска свадбена прослава го одбележаа бракот.
Свадбата се одржа на Капри, Италија, а засега се протечени само папараци фотографии на кои јасно се гледа волуменозната венчаница на среќната невеста.


















Веќе неколку дена, Хајди со децата и Том со својот брат близнак уживаат на италијанското крајбрежје.


















Всушност, младенците тајно ја крунисаа врската со брак во јануари годинава, а јавноста дозна за нивната брачна заедница минатиот месец. Изборот на датумот за венчавката не е случаен. Имено, двојката се запознала на 22 февруари 2018 година, а Клум во една прилика изјави дека би се омажила за Том уште на денот кога се сретнале за првпат.
Хајди со фотографија од прстенот објави дека го прифати предлогот за брак на Том кон крајот на декември минатата година.

Ова е трет брак за супермоделот, а втор за ѕвездата од Tokio Hotel. Хајди беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година, а потоа имаше љубовна врска со Флавио Бријаторе, со кого има едно дете. Клум и седум години беше во брак со музичарот Сил, со кого има три деца.
Том претходно беше во брак со Риа Сомерфилд, од која се разведе минатата година.