Метју Белами и Ел Еванс стапија во брак. Фронтменот на Muse и русокосата манекенка се заколнаа на вечна љубов на романтична церемонија во Малибу.
41-годишниот пејач и 29-годишниот модел споделија две фотографии на Instagram од овој специјален ден.
Венчаницата е дело на дизјанерката Мартина Лијана, а самата Ел помогнала во осмислувањето на дизајнот.
На свадбената прослава присуствуваа и колегите на Мет од рок групата Muse – Крис Волстенхолм и Доминик Ховард.
Мет и Ел се во врска од 2015 година.
Белами беше верен и со Кејт Хадсон со која има еден син. Тие се разделија во декември 2014 година.