Гвен Стефани и Блејк Шелтон се заколнаа на вечна љубов. Славниот пар го изговори судбоносното „ДА“ на интимна церемонија на ранч во Оклахома.
51-годишната пејачка носеше венчаница од Вера Ванг и бели чизми.
„Соништата се остваруваат!“ – напиша Гвен во описот на фотографии од свадбената прослава.









Гвен и Блејк се верија во октомври 2020 година.
Двајцата музичари се зближија на снимањето на шоуто The Voice во 2015 година додека и двајцата минуваа низ развод. Блејк зад себе има два неуспешни брака.
Неколку месеци пред да ја започне врската со Блејк, Гвен поднесе документи за развод од Гевин Росдејл со кого има три деца – Кингстон, Зума и Аполо.
