Гвен Стефани и Блејк Шелтон планираат да запливаат во брачните води. Музичкиот пар објави дека се вери.
51-годишната музичарка сподели фотографија на која го бакнува 44-годишниот кантри пејач и го покажува блескавиот прстен.

Гвен и Блејк се зближија на снимањето на шоуто The Voice во 2015 година додека и двајцата минуваа низ развод. Блејк зад себе има два неуспешни брака.

Неколку месеци пред да ја започне врската со Блејк, Гвен поднесе документи за развод од Гевин Росдејл со кого има три деца – Кингстон, Зума и Аполо.

Покрај тоа што заедно работат на The Voice, Гвен и Блејк имаат снимено и повеќе песни, меѓу кои и „Nobody But You“ и „Happy Anywhere“.