Блејк Шелтон доби своја ѕвезда на Патеката на славните.
На настанот на холивудскиот булевар, 46-годишниот кантри пејач доби голема поддршка од својата сопруга Гвен Стефани и нејзините три деца. Петчленото семејство позираше покрај ѕвездата која го носи името на Шелтон.
53-годишната музичарка изгледаше младолико во бело фустанче со точкест принт од Philosophy додека позираше со Блејк, 17-годишниот Кингстон, 14-годишниот Зума и 9-годишниот Аполо. Трите деца таа ги има од бракот со Гевин Росдејл.




„Некако престанав да ги штиклирам нештата од листата со големи постигнувања во мојот живот кога стапив во брак со Гвен, па ова е само шлаг на тортата“ – рече Шелтон.








Тој му ја посвети ѕвездата на својот брат Ричи, кој пред 30 години го изгуби животот во сообраќајна несреќа.
„Целото мое семејство е тука. Со мајка ми разговарав утрово и размислував што ќе кажам кога ќе се качам тука. Таа ми рече дека посакува Ричи да беше тука да го види ова и сè што имам постигнато. Па, мојата ѕвезда на оваа Патека на славните му ја посветувам на брат ми Ричи“ – рече Блејк.



На церемонијата присуствуваа и Адам Левин со Беати Принсло.



Гвен поднесе документи за развод од бившиот сопруг во август 2015 година по речиси 13 години брачен живот. Само неколку месеци подоцна, во ноември, објави дека е во врска со Блејк Шелтон.
