Во средата, Каролина Гочева го трансформираше градот Струмица во центар на музиката, танцот и забавата.
Шармантната музичка ѕвезда се појави на сцената со широка насмевка и ги расположи посетителите на „Струмица Опен Фестивал“. Македонското девојче мамеше погледи во сива креација за која се погрижила Јована Зука.


„Струмичани мои, секоја наша средба е магија. Струмица Опен Фестивал ви благодарам на покана! До следниот пат“ – стои во пораката на убавата битолчанка на Instagram каде сподели и фотографии.














