Хоакин Феникс сними нов историски филм. Славниот Оскаровец ја доби улогата на Наполеон Бонапарта во новиот филмски проект режиран од Ридли Скот.
Филмот ги следи познатите битки на Наполеон, неговото издигнување до император на Франција, неговата немилосрдна амбиција и импресивниот стратешки ум како извонреден воен водач и визионер.
„Филмот е оригинален и личен поглед на потеклото на Наполеон Бонапарта и неговото брзо и безмилосно искачување до император, гледано низ призмата на неговата зависна и често нестабилна врска со сопругата Жозефина, неговата вистинска љубов“ – стои во описот на филмот на IMDb.
Погледнете го трејлерот за „Napoleon“:





