Приказната за Вили Вонка ќе биде раскажана повторно на големото филмско платно, а овојпат главната улога му припадна на Тимоти Шаламе.
Првиот трејлер за „Wonka“ ни открива дека филмот ќе ја следи приказната за младиот ексцентричен чоколадер и неговото запознавање со помошниците кои ќе работат во неговата фабрика.




Филмот е базиран на детската книга „Чарли и фабриката за чоколада“ од Роалд Дал од 1964 година.
Првиот филм снимен за оваа приказна е „Willy Wonka & the Chocolate Factory“ од 1971 година, во кој улогата на Вили ја имаше Џин Вајлдер.

Следно, во 2005 година, Џони Деп влезе во улогата на Вонка за филмот „Charlie and the Chocolate Factory“.
