Лурдес Леон имаше проблеми со обезбедувањето и не ѝ беше дозволен влез на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк.
26-годишната ќерка на Мадона пристигнала на модното шоу на самиот негов почеток откако вратите се затвориле. Кога се обидела да влезе, била запрена од обезбедувањето, а на интернет се споделува видео од моментот.
Во него, на актерката ѝ кажуваат дека ревијата веќе е започната и дека настанот е „затворен“.
„Драма надвор на ревијата на Марк Џејкобс кога на Лурдес не ѝ беше дозволено да влезе откако пристигна точно на стартот на шоуто“ – пишува во описот.
@mickmicknyc Drama outside the #marcjacobs fashion show as #lourdes wasn’t allowed in after arriving exactly as the show started #nyfw #nyc #nycfashion #madonna ♬ original sound - New York Mickey
Неуспешни биле и обидите на фановите да ги натераат членовите од обезбедувањето да ѝ дозволат влез.






Нема фотографии од Лурдес внатре на ревијата на Џејкобс.
Инаку, таа беше лицето од пролетната кампања за 2021 година на брендот.



Лурдес беше дел од кампањата на брендот за колекцијата пролет 2021 година.
