Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Џејн Биркин, стилска икона и инспирација за најпосакуваната чанта на светот

Почина Џејн Биркин, стилска икона и инспирација за најпосакуваната чанта на светот

Џејн Биркин замина во легендите. Француската актерка и пејачка со британско потекло почина на 76-годишна возраст.

По долга битка со ракот, филмската ѕвезда издиша за последен пат во нејзиниот дом во Париз. Веста за смртта ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја нарече „Француска икона“.

Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин

Џејн е родена на 14 декември 1946 година во Лондон. Израсна и се школуваше во Британија, но нејзините амбиции за успешна филмска кариера ја одведоа во Франција.

Иако не зборуваше француски јазик, првата главна улога ја доби во францускиот филм „Slogan“ во 1969 година. На снимањето, се запозна со Серж Геинсбург, со кого имаше долгогодишна љубовна врска. Во 1971 година се роди нивната ќерка Шарлот.

Тие го снимија дуетот „Je T'aime...moi non plus“, кој стана вистински хит.

Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин

Покрај филмска и музичка ѕвезда, Биркин беше и стилска икона. Таа е инспирација за познатата чанта Hermès Birkin, која денес ја поседуваат многу жени ширум светот.

Создавањето на оваа иконска чанта дошло по случајна средба на Џејн и Жан-Луј Думас, извршниот директор на модната куќа Hermès.

За време на авионски лет, Џејн имала проблем со својата чанта, која не ги собирала сите работи кои ги носела со себе. Откако се пожалила дека не може да најде убава чанта доволно голема за нејзините потреби, Думас добил инспирација да создаде чанта токму според нејзините барања и ја нарекол „Birkin“.

Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин Џејн Биркин

Џејн долги години имаше здравствени проблеми. Во 90-тите се лекуваше од леукемија, а пред две години беше објавено дека преживеала мозочен удар.

ПендаровскиЏејн со ќерка си Шарлот на „Cesar Film Awards“ во Париз во февруари оваа година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.