Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина ќерката на Витни Хјустон на 22 години

Почина ќерката на Витни Хјустон на 22 години

Почина Боби Кристина Браун. 22-годишната ќерка на легендарната пејачка Витни Хјустон речиси шест месеци беше во различни медицински установи, каде докторите се бореа за нејзиниот живот.

„Боби Кристина Браун почина во недела, на 26 јули 2015, опкружена од нејзиното семејство. Таа конечно е во мир во рацете на Бог. Сакаме повторно да им се заблагодариме на сите за огромната љубов и поддршка во изминативе месеци“ – се вели во соопштение на семејството.

Боби Кристина Браун и Витни ХјустонБоби Кристина Браун и Витни Хјустон

Младата девојка беше пронајдена онесвестена во када на 31 јануари и поради сериозно оштетување на мозокот беше ставена во медицински индуцирана кома. Полицијата верува дека таа била под вода 2-5 минути.

Боби Кристина беше единствено дете на Витни Хјустон и Боби Браун, кои се разведоа во 2007 година. По смртта на Витни, која почина од последици од давење во када за што придонесоа проблеми со срцето и употребата на кокаин, многумина стравуваа за ужалената девојка. Во тагата таа се зближи со Ник Гордон, момчето кое Витни го зеде во својот дом на 12-годишна возраст и го гледаше како свој син. Се верува дека и Боби Кристина беше зависник од дрога, исто како и нејзините родители.

Ник и Боби Кристина започнаа врска и во 2012 година објавија дека се верија, а со тоа предизвикаа тензии во семејствата Хјустон и Браун.

Боби Кристина и Ник ГордонБоби Кристина и Ник Гордон

Ник и негов пријател ја пронајдоа Боби Кристина во кадата во нејзиниот дом. Модринки на телото на младата девојка поттикнаа полициска истрага, а Ник беше главниот осомничен.

Пред смртта, Боби Кристина беше на пат да изгради своја кариера во шоу-бизнисот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.