Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина хрватскиот пејач Масимо Савиќ, ѕвездите се збогуваат со емотивни пораки

Почина хрватскиот пејач Масимо Савиќ, ѕвездите се збогуваат со емотивни пораки

Масимо Савиќ ја изгуби тешката битка со рак на белите дробови. Популарниот хрватски пејач почина во 61-вата година од животот.

Масимо Савиќ

Тажната вест ја потврди неговото семејство со пораката:

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нè напушти по кратка, но херојска борба.

Иако си замина од овој свет, во нашите души ќе живее вечно – насмеан, топол, снажен, полн со љубов и проткаен од уметности.

Засекогаш ќе бидеме твои девојки.

Ени и Мирна“

Масимо починал во болница во Загреб каде се лекувал од рак на белите дробови.

Пред пет години, во интервју за медиумот N1 тој го искажа својот став за смртта. „Ние не сме бесконечни. Ние сме многу конечни суштества. Таа конечност ме убива. Ја презирам смртта и завршетокот на моите мисли“ – рекол тој.

Масимо Савиќ

Славниот музичар ѝ се претстави на публиката со групата Доријан Греј со која издаде два албума – „Sjaj u tami“ и „Za tvoje oči“. По распаѓањето на групата, продолжи со успешна соло кариера.

Масимо Савиќ

По објавувањето на веста за смртта, неговите колеги се збогуваат со емотивни пораки:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11569 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.