Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина македонската актерка Катерина Крстева позната како „Мара Попара“

Почина македонската актерка Катерина Крстева позната како „Мара Попара“

Почина Катерина Крстева. Македонската актерка, позната по улогата на Мара Попара во филмот „Во кафулето кај Гене“, издиша за последен пат на 84-годишна возраст.

Тажната вест беше објавена на социјалните мрежи на Македонскиот народен театар.

„Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот ‘Во кафулето кај Гене’.“

„Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето“ – стои во соопштението.

Катерина Крстева Катерина Крстева Катерина Крстева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26585 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.