Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина легендарната актерка Деби Рејнолдс, еден ден по смртта на ќерка си Кери Фишер

Почина легендарната актерка Деби Рејнолдс, еден ден по смртта на ќерка си Кери Фишер

Почина Деби Рејнолдс. Легeндарната актерка издиша за последен пат на 84-годишна возраст, еден ден по смртта на нејзината ќерка Кери Фишер.

Деби доживеала мозочен удар додека го планирала погребот на Кери. „Ми недостига. Сакам да бидам со Кери“ – рекла таа пред смртта.

Кери, позната по улогата на принцезата Леа во „Star Wars“, почина во понеделникот на 60-годишна возраст, четири дена откако доживеа срцев удар.

Деби и КериДеби и Кери

Деби остави голем отпечаток во филмската индустрија. Таа глумеше во бројни мјузикли. Нејзините најголеми улоги се во филмовите „Singin’ in the Rain“, „Tammy and the Bachelor“ и „The Unsinkable Molly Brown“, а можеби и ја паметите како мајката на Грејс од серијата „Will & Grace“.

Во 2015 година, за својата хуманитарна работа Деби го доби почесниот Оскар „Џин Хершолт“.

Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс

Во текот на својот живот, Деби имаше склучено три брака. Со првиот сопруг Еди Фишер таа имаше две деца, Кери и Тод. Нивниот брак заврши поради аферата на Еди со актерката Елизабет Тејлор.

Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс Деби Рејнолдс ДебиДеби на постерот од „Singin’ in the Rain“

Видео од „Singin’ in the Rain“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.