Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Илми Мустафов три месеци по смртта на неговиот татко Ферус

Почина Илми Мустафов три месеци по смртта на неговиот татко Ферус

Три месеци по смртта на Ферус Мустафов почина и неговиот син Илми. Тага го обви нивното семејство по загубата на двата музичари.

Тажната вест брзо се рашири низ земјата и лица од музичката сцена му оддадоа почит на Илми.

Илми Мустафов

Фолк пејачката Сузана Гавазова објави фотографија за да се збогува со колегата со кого многупати има настапувано.

„Илми Мустафов, синот на нашата легенда и крал на саксафонот Ферус Мустафов, почина синоќа. Си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца, болка и тага. Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден и беше сè нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи. Само во еден момент го видов Илми како плаче, но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко, но ти Илми си замина прерано. Почивај во мир пријателе“ – напиша Гавазова.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25573 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.