Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Есма Реџепова, кралицата на ромската музика

Почина Есма Реџепова, кралицата на ромската музика

Денес низ Македонија одекна тажната вест за смртта на Есма Реџепова. Кралицата на ромската музика почина по кратко боледување. Имаше 73 години.

Есма Реџепова Есма Реџепова

Есма Реџепова Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година во Скопје. Потекнува од сиромашно семејство и уште од мали нозе била принудена да преземе работни обврски. Му помагала на својот татко, кој работел како чистач на чевли, а добивала и некоја паричка за тоа што чекала во ред за да им купи млеко на поимотните скопјанки.

Есма Реџепова

Нејзиниот живот добил нов тек благодарение на Стево Теодосиевски, кој кај неа препознал голем талент за пеење и ја поканил да се приклучи во неговиот ансамбл. Она што започнало како музичко партнерство, подоцна прераснало и во брачна заедница. Есма и Стево беа во брак речиси 30 години, односно до неговата смрт во 1997 година.

Есма Реџепова

И покрај големите успеси, Есма никогаш не заборави каков е животот во сиромаштија, па непрекинато нижеше хуманитарни мисии за кои ѝ беа врачени огромен број награди и признанија. Нарекувана и „мајката со најмногу деца во Македонија“, Есма не роди свои чеда, но посвои и израсна 48 дечиња. До крајот на својот живот таа доби повеќе од сто внуци и правнуци.

„Ќе видите колку е тоа големо задоволство, кога едно дете ќе го издигнете, го однесете на прав пат да биде добар човек. А и он после тоа хуман станува“ – изјави Есма кога пред две години се приклучи во проектот „На секое дете му е потребно семејство“.

Во 1976 година на првиот „Фестивал на Ромска музика и песна” во Чандигар, Индија таа е официјално прогласена за Кралица на ромската песна. Во 1992 година е прогласена за „Примадона на европското пеење”.

Есма Реџепова Есма Реџепова

Двапати била номинирана за Нобелова награда за мир – во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија, а потоа како адут на Светската организација на Ромите. Во 2013 година, таа ја доби титулата Национален уметник на Република Македонија.

Есма Реџепова Есма Реџепова Есма Реџепова

Потсетете се на препознатливиот глас на Есма:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11306 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.